Поранешен европски шампион пред банкрот, мора да собере 180 милиони евра од продажба на играчи
Според информациите од Франција, поранешниот европски шампион до 30 јуни 2027 година ќе мора да оствари најмалку 180 милиони евра од продажба на фудбалери за да ја ублажи финансиската криза.
Откако Френк Мекорт го презеде клубот, во Марсеј наводно биле вложени меѓу 800 и 900 милиони евра преку трансфери, плати и останати трошоци. Сепак, проблемот е што приходите на клубот не се на нивото на најголемите европски екипи, а Марсеј не успева ниту да остварува доволно високи суми од продажба на играчи. Токму тоа создало сериозен дисбаланс меѓу приходите и расходите, па раководството сега е принудено да преземе строги мерки.
Ова лето треба да донесе значително поинаква трансфер-политика. Ниту едно ново засилување нема да смее да чини повеќе од пет милиони евра, додека максималната плата за новите фудбалери ќе биде ограничена на еден милион евра годишно. Тоа значи дека Марсеј ќе мора да се потпира на евтини трансфери, слободни агенти и развој на млади фудбалери, додека паралелно ќе биде под силен притисок да продава дел од своите највредни играчи. Можеби поради тоа клубот од Азурниот брег е единствен во Франција и еден од само двата низ Европа кои не купиле ниеден фудбалер летово.
Доколку навистина треба да обезбеди 180 милиони евра од продажби, Марсеј го очекува исклучително турбулентен период во кој финансиската стабилизација ќе биде приоритет пред големите засилувања.