Катерина Ацевска стана светски вицешампион во џиу џицу!

Македонската спортистка, Катерина Ацевска го освои сребрениот медал во сениорска конкуренција во категоријата +70 килограми на Светското првенство во џиу џицу.

Едно скалило погоре на пиадесталот од третото место минатата година на Светското Првенство во Тајланд

Ова беа значајни бодови за зацврстување на првото место на светската ранг листа.

Само оваа година Катерина го има освоено Гранд при турнирот во Џенова, Италија - златен медал, најјакиот сениорски турнир во светот Париз ппен - бронзен медал, трета на Европското првенство на Крит, двократен балкански шампион како и пет златни медали од меѓународни турнири од регионот.