Мартин најбрз и на спринтот во Велика Британија! (ВИДЕО)

Хорхе Мартин откако ја освои пол-позицијата во квалификациите, триумфираше и на спринт трката за Големата награда на Велика Британија.

Мотоциклистот на Априлија од самиот старт ја имаше контролата врз патеката „Силверстоун“ и не ја испушти водечката позиција до самиот крај.

Ова за него беше трета победа во спринт трките од Мото ГП шампионатот оваа сезона.

Второто место му припадна на Аи Огура од Трекхаус, а последното место на подиумот беше резервирано за Марко Безеки од Априлија.

Марк Маркез комплетно потфрли на спринтот, возачот на Дукати имаше проблеми со задната гума и на крајот заврши на деветтото место.