Шпанскиот Суперкуп пред нова ера - го менува местото, датумот и континентот
Шпанската фудбалска федерација веќе размислува за организацијата на натпреварувањето, кое традиционално ги собира најдобрите екипи од шпанскиот фудбал. Иако конечната одлука сè уште не е донесена, Мајами во моментов се издвојува како фаворит за домаќин на турнирот.
Преместувањето на Суперкупот надвор од Шпанија не би било новина. Во последните години натпреварувањето неколкупати се играше во Саудиска Арабија, со што шпанскиот фудбал доби значително меѓународно присуство. Сега, пак, се разгледува можноста турнирот да се пресели во Соединетите Американски Држави. Мајами се смета за особено интересна опција поради големиот интерес за шпанскиот фудбал на американскиот пазар.
Суперкупот би се одржал во февруари, а форматот би останал со четири екипи. За конечниот избор на домаќинот се очекува да биде донесена одлука во наредниот период.
Доколку Мајами навистина биде избран, тоа ќе претставува уште еден чекор во интернационализацијата на шпанскиот фудбал и обид натпреварувањето да се доближи до огромниот американски спортски пазар. Во конкуренција е и Истанбул, но секако нема да се игра во Саудиска Арабија како што беше случај досега.