Прв пораз за кадетите: Македонија немоќна против Исланд на ЕП Б-дивизија
Исланд ја контролираше играта од самиот почеток, па стигна до предност од 30-17. Сепак, Македонија почна да се буди во третата четвртина и намали на три поени негатива (32-35).
Македонските кадети го следеа чекорот на ривалот до средината на третата четвртина, по што Исланд додаде гас и поведе со 56-50.
До крајот на натпреварот Исланд ја зголемуваше предноста и на крајот триумфира со 87-75.
Најефикасен во македонскиот тим беше Дион Шабани со 26 поени и 10 скокови, додека Зунзуровски постигна 22 поени.
Македонија утре ќе се соочи против Хрватска во третото коло од групната фаза на ЕП Б-дивизија.
Фото: КФМ