Барселона ќе ја копира стратегијата на Реал за продажба на таленти!

Шпанскиот шампион Барселона планира да направи голема промена во начинот на кој ќе управува со академијата „Ла Масија“. Според шпански „АС“, клубот планира да го следи моделот на Реал Мадрид кој се применува успешно со години.

Планот е клубот почесто да продава млади фудбалери кои нема веднаш да добијат место во првиот тим, но во договорите со новите екипи задолжително вклучуваат клаузули за повторен откуп.

Барселона на тој начин сака да обезбеди дополнителни приходи, а во исто време да ја задржи контролата врз најперспективните таленти доколку блеснат во новите клубови.