Официјално: Георг Стојановски ја продолжи кариерата во Катар!

Македонскиот фудбалер Георг Стојановски ја напушти Спартак Варна и потпиша договор со катарски Лусаил, а екипата официјално го потврди трансферот и го промовираше нашиот интернационалец.

Според првичните информации, Стојановски потпишал повеќегодишен договор со екипата од Катар, а засега не се откриваат повеќе детали.

Стојановски претходно играше за Вардар, Тетекс, Шкупи, Работнички, Хата во ОАЕ и Спартак Варна од Бугарија.

Ќе потсетиме, Стојановски е внук на Ѓоко Хаџиевски кој минатата сезона беше на кормилото на Спартак Варна.