Серафимов и Левски го совладаа Каират во Софија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов заедно со Левски Софија славеше со 1-0 против Каират Алмати со 1-0 во првиот меч од третото квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Бугарската екипа стигна до победата дури во 92. минута од натпреварот, кога Сержињо успеа да ја затресе мрежата на гостинската екипа и да донесе радост за Левски.

Серафимов беше стартер за бугарскиот тим, а на теренот остана едно полувреме, по што беше заменет од Соула.

Фото: ПФК ЛЕВСКИ / PFC LEVSKI