Нов скандал во ФИФА: Принцот од Јордан жестоко го нападна Инфантино!

Фудбалскиот сојуз на Јордан жесотко ја нападна ФИФА и претседателот Џани Инфантино, при што ги обвини за уцена и неправеден однос кон националната федерација.

Со остро соопштение се јави претседателот на Сојузот, принцот Али бин Хусеин, кој кажа сериозни обвинувања против Инфантино.

Според него, дел од јорданските навивачи не добиле визи за влез во САД и покрај тоа што поседувале билети за натпреварите на Светското првенство. Дополнително, тој тврди дека билетите биле продавани по превисоки цени, а федерацијата сè уште не ги добила средствата што ѝ следуваат од наградниот фонд за настапот во финалето на ФИФА Арапскиот куп.

„Во Јордан се гордееме со нашите етички принципи. Не го поддржавме Инфантино претходно, а нема да го направиме тоа ниту сега. Нема да прифатиме никаква уцена“, вели принцот Али.