Го бараат Реал и Барса, а тој е на одмор во Црна Гора (ФОТО)
Родри се поврзува со Реал Мадрид, а информациите велат дека и Барселона го сака неговиот потпис. Уште е нејасно дали Шпанецот ќе остане во Манчестер Сити или ќе се врати во својата земја.
Додека се решава прашањето за неговата иднина, Родри заедно со својата долгогодишна партнерка Лаура Иглезијас летниот одмор го минува во Црна Гора.
Според црногорските медиуми, парот ги посетил Националниот парк Ловќен и жичарницата Котор–Ловќен, каде нивното присуство предизвикало големо внимание. Голем број туристи и навивачи го препознале Родри и побарале автограм или фотографија со една од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата.
Родри и Лаура уживале во панорамската жичарница која ги поврзува брегот на Бока Которска со планинските врвови, а го посетиле и Еко-селото Невидио. Од управата на селото објавија фотографија со славниот пар на социјалните мрежи, истакнувајќи дека им претставувало голема чест да бидат нивни домаќини.