Алкараз ќе се врати на терените како втор светски рекет
Шпанецот ќе го претекне Александер Зверев, а промената доаѓа и покрај тоа што ниту еден од играчите не играше на турнири оваа недела. Таа се должи на бришењето на бодовите од минатогодишниот турнир во Канада. Зверев тогаш стигна до полуфиналето, а сега губи 360 бода од својот капитал, додека Алкараз не играше минатата сезона и не изгуби ниту еден. Така, Шпанецот останува со 8.160 бода, додека Германецот сега има 8.120. Лидер на светската ранг-листа останува Јаник Синер со убедливо водство и капитал од 13.450 бода.
Алкараз најави дека ќе се врати на терените на Мастерсот во Синсинати кој се игра во периодот од 11 до 23 август.