Големо засилување во „Градски парк“: Говенс потпиша за Работнички!

Поранешниот македонски кошаркарски шампион Работнички го претстави едно од најголемите засилувања за новата сезона, а тоа е довчерашниот кошаркар на ТФТ, Дарин Говенс.

Говенс минатата сезона настапи на 26 натпревари, а во просек постигнуваше по 11,3 поени, 3,2 скокови и 4,7 асистенции по натпревар. Тој настапува на позицијата плејмејкер, но може да ја покрие и позицијата бек-шутер.

Американскиот кошаркар има богата интернационална кариера, откако играше за екипи од Грција, Унгарија, Русија, Франција, Исланд, Израел и други.

Говенс, исто така, беше прогласен за МВП во унгарската лига во 2017 година, а две години подоцна го крена и шампионскиот пехар во Унгарија.