Бензема ги шокирал во Ал-Хилал: Ќе си замине само ако му платат 120 милиони евра!
И покрај тоа што на 13 натпревари во сите натпреварувања постигна девет голови и запиша пет асистенции, челниците на саудискиот клуб и стручниот штаб планираат да го заменат со помлад напаѓач. Во текот на летниот преоден рок на адреса на Ал-Хилал пристигнале неколку понуди за Бензема, кои клубот ги прифатил, но францускиот ветеран секојпат ги одбивал.
Раководството се обидело да најде компромис и му понудило трансфер во еден од новите прволигаши во Саудиска Арабија, но и таа опција била експресно одбиена. Според медиумите од Саудиска Арабија, Бензема има само еден услов за да си замине од Ал-Хилал и тоа е клубот да му ја исплати целата плата за преостанатата година од договорот и да му дозволи да стане слободен играч.
Французинот, кој без бонуси заработува 125 милиони евра годишно, е втор најплатен фудбалер во Саудиска Арабија, веднаш зад Кристијано Роналдо. Останува да се види дали Ал-Хилал ќе прифати да ја исполни неговата финансиска побарувачка и потоа да започне потрага по нов напаѓач.