Луис Дијаз би можел да направи трансфер со кој ќе урне рекорд на Нејмар

Саудискиот гигант Ал-Хилал го означи крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Луис Дијаз, како главна трансфер цел во летниот преоден рок и подготвува понуда што би можела да испише историја.

Откако практично го договори трансферот на Крисенсио Самервил од Вест Хем, клубот од Ријад целосно се насочи кон доведување на колумбискиот репрезентативец.

Според новинарот Саша Таволиери, преговорите со Дијаз ги води Ричард Хјуз, актуелен спортски директор на Ливерпул, кој по завршувањето на преодниот рок ќе ја преземе истата функција во Ал-Хилал.

Истиот извор наведува дека саудискиот клуб сè уште не стапил во контакт со Баерн Минхен, бидејќи прво сака да постигне договор со самиот фудбалер. За да го убеди да се пресели во Саудиска Арабија, Ал-Хилал му подготвил годишна плата од 25 милиони евра.

Доколку Дијаз ги прифати личните услови, Ал-Хилал веднаш ќе започне преговори со Баерн Минхен и ќе испрати понуда за обесштетување во вредност од 120 до 150 милиони долари.

Ако трансферот се реализира, Луис Дијаз ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на саудиската лига. Предвидената сума значително ќе го надмине досегашниот рекорд од 90 милиони евра кои Ал-Хилал во 2023 година му ги плати на Пари Сен Жермен за ангажманот на Нејмар.