Винчиќ се пензионира: Финалето на СП му беше последен меч на кој судел

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ставил крај на судиската кариера по финалето на Светското првенство (СП), каде што ја делеше правдата на теренот меѓу Шпанија и Аргентина (1-0).

Винчиќ на 19 јули ја имаше честа да го суди големото финале, по што решил да се повлече од фудбалот на 46-годишна возраст.

Словенецот зад себе има долгогодишно искуство на највисоко ниво, а шансата да суди во финалето на Мундијалот беше круна на неговата меѓународна кариера.

Засега, сепак, нема официјална потврда од ФИФА или од Винчиќ дека дефинитивно се пензионирал, иако веста за тоа експресно се прошири во голем број светски медиуми.