Ал Хилал подготвува рекорден трансфер поради ѕвезда на Баерн Минхен

Саудискиот гигант Ал Хилал е подготвен да реализира нов голем трансфер во летниот преоден рок, а главна желба е Луис Дијаз од Баерн минхен.

Според светските медиуми, веќе се почнати преговорите меѓу Дијаз и Ал Хилал, а наводно клубот е подготвен да плати дури 150 милиони евра за услугите на искусниот фудбалер.

Доколку се реализира трансферот, Дијаз ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на саудиската лига и ќе го урне рекордот од 90 милиони евра кој беше поставен за трансферот на Нејмар.

Колумбиецот минатата сезона настапи на 51 натпревар, при што постигна 26 голови и 23 асистенции за бундеслигашот.

Фото: FC Bayern München