„Бомба“ од Мадрид: Реал договори трансфер вреден над 100 милиони евра!
Според информациите на новинарот Фабрицио Романо, сите формалности околу трансферот ќе бидат комплетирани во текот на следната недела, по што Диоманде ќе го облече „кралскиот дрес“.
Младиот фудбалер донел одлука да се пресели на „Сантијаго бернабеу“, иако претходно беше во преговори и со францускиот шампион ПСЖ.
Диоманде минатата сезона настапи на 36 натпревари за Лајпциг, а притоа постигна 13 голови и 10 асистенции.
Фото: RB Leipzig