Шкендија без проблеми го декласира Скопје (ФОТО)

Фудбалерите на Шкендија имаа моќен старт на сезоната, откако триумфираа со 3-0 против новиот прволигаш Скопје во Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци го отворија резултатот по само 17 минути игра, откако во листата на стрелци се запиша Фахд Ндзенгуе.

Шкендија ја зголеми предност во 66. минута на 2-0 преку Фабрис Тамба, додека девет минути подоцна Рафа Силва го постигна третиот гол за екипата од Тетово.

Поранешниот македонски шампион имаше шанса и за четвртиот гол, меѓутоа не реализира пенал во завршницата од натпреварот.

Резултати - 1. коло – Прва лига:

Силекс – Башкими 6-0
Тиквеш – Арсими 5-1
Струга – Шкендија Арачиново 3-0
Вардар – Брегалница 2-0
Шкендија – Скопје 3-0