Скандал во Сантос: Нејмар направил хаос, клубот свика итен состанок

Сантос ремизира пред своите навивачи против Шапекоенсе (2-2) во натпревар на кој Нејмар постигна два гола, но по мечот во центар на внимание е скандалот кој го направил во соблекувалната на полувреме.

Бразилските медиуми пишуваат дека Нејмар направил скандал во соблекувалната и навредувал дел од своите соиграчи поради лошиот настап во првото полувреме.

Ова не е првпат Нејмар да предизвика таков скандал затоа што и претходно малтретирал помлади фудбалери во соблекувалната.

Последниот потег на Нејмар наводно ги налутил останатите во клубот, кој морал да свика итен состанок за да се преземат мерки против бразилската ѕвезда.

Фото: Raul Baretta / Santos FC