Јокиќ полуде од среќа откако неговиот коњ победи во Суботица (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше голема причина за прослава на традиционалната манифестација „Дужијанца“ во Суботица, откако неговиот коњ успеа да победи на трката.

Јокиќ со пиво во рака го чекаше својот коњ да излезе на патеката, а на крајот полуде од среќа и влезе да го прославио големиот успех.

Србинот е познат како голем љубител на коњи и има штала со повеќе коњи кои често се натпреваруваат на различни манифестации.