Турците во делириум: Пристигнуваат Салах, Леао, Влаховиќ...

Нов „контингент“ на фудбалски ѕвезди пристигнуваат во турскиот фудбал ова лето, Турците не штедат за да донесат големи имиња.

Најголемата ѕвезда која ќе пристигне е Мохамед Салах. Тој доби понуда вредна од 13 милиони евра по сезона и ќе потпише за Бешикташ.

Египетскиот крал вечерва ќе пристигне во Истанбул за да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот.

Се верува дека и трансферот на Рафаел Леао од Милан во Фенербахче е при крај.

А големи се шансите Бешикташ да го ангажира и Душан Влаховиќ. Различни извори пренесуваат различни суми, па така платата варира од 8 до 12 милиони евра годишно плус бонуси и плус речиси 20 милиони евра за потпис на договорот.