Чудна трансфер стратегија на Реал - ги донесе сите играчи за кои беше заинтересирана Барса (ФОТО)
Шпанскиот новинар Хосе Алварез уште на 1 мај, во емисијата „Ел Чирингито“ објави листа од четворица фудбалери кои биле на радарот на Барселона за летниот преоден рок: Марк Кукуреља, Дензел Думфрис, Бернардо Силва и Јан Диоманде. Во меѓувреме, дури тројца од нив завршија во Реал Мадрид, а сега и името на Диоманде се поврзува со „кралевите“. Според повеќе медиуми, Реал испратил понуда од 100 милиони евра до Лајпциг, но германскиот клуб ја одбил.

Ова предизвика бројни реакции и шеги меѓу навивачите на Барселона, кои коментираат дека Реал Мадрид „нема спортски директор“ и дека едноставно ги презема трансфер-желбите на својот најголем ривал.
Тоа, секако, отвора и друга страна, во корист на Реал кој можеби има подобар менаџмент и луѓе кои умеат да ги убедат играчите да се преселат во мадридскиот клуб, како и повеќе адути, пред се финансиски. Меѓутоа, од четворицата фудбалери за кои се тврдеше дека е заинтересирана Барселона, каталонскиот клуб испрати понуда и влезе во преговори само со Бернардо Силва кој наводно прво прифатил да се пресдели на Камп Ноу, а потоа ја смени одлуката. Бернардо Силва беше слободен играч и тука клучна улога одиграа личните услови, односно платата која ја понуди Реал за него. За Кукуреља, Думфрис и особено Диоманде немаше понуди, туку само срамежливо искажан интерес.