Пенсилванија полуде по „Кралот“ - прогласи и Ден на Леброн Џејмс (ФОТО)

Одлуката на Леброн Џејмс да се пресели во Филаделфија предизвика вистинска еуфорија, а гувернерот на американската сојузна држава Пенсилванија, Џош Шапиро направи потег кој ретко се гледа во светот на спортот.

Доцна синќа тој официјално го прогласи 24 јули за „Ден на Леброн Џејмс“, како знак на добредојде за четирикратниот НБА шампион, кој кариерата ќе ја продолжи во дресот на Филаделфија 76ерс.

Преку социјалните мрежи Шапиро му посака добредојде на „Кралот“, истакнувајќи дека Пенсилванија е горда што ќе биде негов нов дом во, како што најави самиот Леброн, последното поглавје од неговата блескава кариера.

Леброн потпиша двегодишен договор со Филаделфија и јасно порача дека не го избрал клубот поради парите, туку поради шансата да се бори за уште една шампионска титула.