Реал пред осум години плати за него 23 милиони евра, сега е пред трансфер во Хрватска

Хрватскиот прволигаш Истра е на чекор до големо засилување - поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Маријано Дијаз.

Тој би требало да пристигне како замена за Смаил Превљак, кој кариерата ја продолжува во Динамо Загреб. Маријано своевремено беше дел од Реал Мадрид, а во 2017 година беше продаден во Лион. По само една сезона, во која постигна 21 гол, „кралскиот клуб“ го врати назад и за неговиот потпис плати 23 милиони евра.

Денес, 32-годишниот напаѓач е член на Алавес, но не е во прв план кај шпанскиот клуб, па се очекува да замине на позајмица или перманентен трансфер во Истра. Доколку планот биде реализиран, тоа без сомнение ќе биде едно од најзвучните засилувања во историјата на клубот од Пула.