Легенда на Милан и Јувентус ќе биде селектор на Италија (ФОТО)

Италијанската фудбалска федерација постигна договор со легендарниот Андреа Пирло, кој треба да стане селектор на репрезентацијата, откако претходно „аѕурите“ добија „корпа“ од Пеп Гвардиола.

Пирло во текот на следните денови ќе потпише соработка до 2030 година, по што се очекува промоција пред фудбалската јавност.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Пирло во стручниот штаб ќе го вклучи и Роберто Баронио.

Легендарниот фудбалер на Јувентус и Милан има тренерско искуство на клупата на „Старата дама“, а ги тренираше и Фатих Карагумрук, Сампдорија и Дубаи јунајтед.

Фото: Nazionale Italiana di Calcio