Муралот на херојот на Шпанија вандализиран за помалку од 24 часа (ФОТО)

Феран Торес со гол против Аргентина во финалето на Мундијалот ѝ го донесе трофејот на Шпанија, но неговиот мурал во Барселона не издржа ниту еден ден.

Муралот посветен на шпанскиот репрезентативец бил вандализиран за помалку од 24 часа, а на социјалните мрежи се појавија и фотографии.

„Ел Насионал“ пишува дека по изработката на муралот веднаш се појавиле повици на социјалните мрежи за да се вандализира делото.

Фото: Selección Española de Fútbol (SeFutbol)