Балкански шмек во финалето на СП: ФИФА го одреди судијата за мечот за светската круна
ФИФА објави дека словенечкиот судија Славко Винчиќ е назначен да го суди одлучувачкиот натпревар на турнирот. Долгоочекуваното назначување веднаш предизвика предизвика коментари бидејќи многумина очекуваа да судат арбитри од некоја светска велесила.
Винчиќ изгради истакната респектабилна кариера откако доби лиценца на ФИФА во 2010 година, редовно судејќи дерби натпревари во Европа на клупско и репрезентативно ниво. Неговото импресивно резиме го вклучува финалето на Лигата на Европа во 2022 година помеѓу Ајнтрахт и Ренџерс, како и финалето на Лигата на шампионите во 2024 година помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.
Словенечкиот судија дебитираше на Светското првенство во Катар, каде што му беа доверени два натпревара, а додаде уште три меча на своето конто на овогодишниот турнир. Долгоочекуваното финале в недела ќе биде негов шести натпревар на светските првенства, но и круна на неговата кариера која се ближи кон крајот.