Пласманот на Вимблдон ѝ донесе на Ѓорческа скок од 14 позиции на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа имаше возбудлив период во кој успешно ги мина квалификациите за Вимблдон и обезбеди пласман во главната ждрепка.

Трите поминати пречки во квалификациите на Ѓорческа ѝ донесоа скок од 14 позиции и од денеска таа се наоѓа на 209. место со 367 бода. Претходниот период таа немаше голем успех на турнирите и падна неколку места, но сега има можност повторно да го нападне својот најдобар пласман во кариерата – 170. позиција.

Што се однесува до врвот, Арина Сабаленка се уште е прва, но релативно слабите резултатите на последните турнири, вклучувајќи ги Гренд слемовите придонесе предноста пред Рибакина да се намали на само 407 бода.