Инфантино најави револуција: СП наскоро ќе се игра со 64 репрезентации!?

Светското првенство (СП) влегува во самата завршница, а првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино кажа дека турнирот со 48 репрезентации е успешен и размислуваат за ново проширување.

Инфантино кажа дека се размислува за проширување на Мундијалот на 64 репрезентации.

„Ова е успешен турнир со 48 репрезентации. Секој тим играше на врвно ниво. Ова покажува колку е важно дека треба да ги вклучиме сите на турнирот. Ова е причина за да разговараме за ново проширување на Мундијалот“, кажа Инфантино.

Иако засега не е познато дали ваква промена би се случила за следниот Мундијал во 2030 година, сепак дел од медиумите пишуваат дека тоа е реално сценарио за 2034 година.