Магија на Шјелдруп, Англичаните шокирани - Норвешка води (ВИДЕО)

Иако англиската репрезентација доминираше повеќе од половина час, Норвешка го отвори резултатот во меѓусебниот четвртфинален натпревар од Светското првенство.

Стрелец на првиот гол беше Андреас Шјелдруп кој постигна еден од најубавите голови на шампионатот и покрај тоа што останува нејасно дали неговата желба беше да центрира или да шутира. Додека Хари Кејн бараше фаул на средината од теренот, 22-годишниот фудбалер се најде на левата страна, упати шут или центаршут, а топката од стативата заврши во мрежата на Пикфорд.

По постигнатиот гол, Норвежаните имаа уште два удара, но едниот заврши над пречката, а другиот го одбрани англискиот голман.