(СОСТАВИ) Кејн ќе удри на Халанд за пласман во полуфиналето
Кејн како капитен и како најдобар стрелец ќе ги предводи Англичаните, додека на спротивната страна ќе биде третиот голгетер на Мундијалот, Ерлинг Халанд во првиот меч на големите натпреварувања против земјата каде што е роден и каде настапува во моментов.
Сепак, во почетната постава на Англија ќе го нема Букајо Сака и покрај одличната игра против Мексико, а предност доби Мадуеке. Истото важи за норвешкиот тим каде Нуса и покрај тоа што постигна гол во 1/16-финалето, нема да биде дел од стартниот тим, туку таму ќе биде Шјелдруп кој беше одличен против Бразил.
Натпреварот се игра од 23 часот во Мајами, а условите за игра се нехумани. Температурата на воздухот е 40 степени, додека влажноста на воздухот изнесува 90%.