Шкендија Арачиново во еден ден потврди пет засилувања

Екипата на Шкендија Арачиново денеска претстави пет нови засилувања и за новајлијата во Прва лига потпишаа: Мартин Тодоров, Хадис Велии, Аритон Мехмед, Есмин Личина и Сумер Хасан.

Eсмин Личина и Сумер Хасан пристигнуваат од редовите на Башкими, Аритон Мехмед го носеше дресот на Работночки, Мартин Тодоров минатата сезона беше дел од Тиквеш, додека Хадис Весели се враќа во македонскиот фудбал по епизодата во Косово.

Тимот од Арачиново и претходно доведе неколку засилувања со цел што подобар настап во сезоната која за нив ќе биде дебитантска во друштвото на најдобрите.