Откриено зошто Белгија не доби пенал иако Родри дефинитивно играше со рака (ВИДЕО)
Спорната ситуација се случи во 62. минута при резултат 1-1, кога Родри ја запре топката со рака во казнениот простор, но главниот арбитар не покажа на белата точка, ниту пак беше побарана ВАР-проверка. Според Правилата на фудбалската игра, одлуката на Оливер била исправна. Причината е што топката до раката на Родри стигнала по претходен допир од неговиот соиграч Ајмерик Лапорт, а во такви ситуации не се досудува прекршок за играње со рака.
Постои само еден исклучок од ова правило – доколку по допирот со рака во напад веднаш биде постигнат гол, погодокот мора да биде поништен, без разлика што топката претходно дошла од соиграч. Бидејќи во конкретната ситуација не беше постигнат гол, ниту пак беа исполнети условите за казнен удар, судиската одлука да не досуди пенал беше во согласност со правилата.
Шпанија на крајот славеше со 2-1 и обезбеди пласман во полуфиналето на СП 2026, каде ќе се соочи со Франција.