Дешан испиша уште една мундијалска историја – тешко дека некогаш некој ќе го стигне!
Тој веќе го надмина легендарниот Хелмут Шен, кој како селектор на Западна Германија запиша 16 победи на Светските првенства. По пласманот во полуфиналето, искусниот стратег истакна дека Франција ја остварила првата цел, но дека патот до трофејот сè уште е долг.
„Натпреварот беше тежок. Утнавме пенал, пропуштивме неколку шанси. Таму сме каде што сакавме да бидеме. Мислам дека во Франција во моментов има многу возбуда и страст. Играчите имаат одговорност да направат сè што можат за да стигнат што е можно подалеку. Надминавме голема пречка“, изјави Дешан.
Французинот веќе 14 години ја предводи националната селекција, а во тој период ја однесе Франција до финалињата на Светските првенства во 2018 и 2022 година. Сега има можност да стане првиот селектор кој ќе игра три последователни мундијалски финалиња.
Од актуелниот состав, Килијан Мбапе, Усман Дембеле и Лукас Ернандес се единствените фудбалери кои беа дел од француската репрезентација и на мундијалите во 2018 и 2022 година, а сега повторно се во борба за светската титула.
ФОТО: X / @le_Parisien