Mбапе откри каква е повредата: Почувствував болка, затоа побарав измена!

Селекцијата на Франција се пласира во полуфиналето на СП 2026 со синоќешната победа над Мароко (2-0), но загриженост кај „триколорите“ предизвика повредата на Килијан Мбапе, кој го напушти теренот во финишот на натпреварот.

Напаѓачот на Реал Мадрид беше стрелец на првиот гол за Французите, со што стигна до осум погодоци на Мундијалот, но претходно не успеа да реализира и удар од белата точка. По натпреварот, Мбапе откри дека почувствувал болка во десниот зглоб, но смирува дека повредата не е сериозна.

„Добро сум, само имам мала болка во десниот зглоб. Секогаш мислам дека играчите на теренот треба да бидат на 100 проценти, затоа излегов. Матета во тој момент беше поспремен од мене“, изјави францускиот ас.

Тој се осврна и на промашениот пенал, признавајќи дека ситуацијата околу ВАР-проверката негативно влијаела врз неговата концентрација.

„Пеналот не го изведов добро. Имаше забуна со прегледот на ВАР. Ми рекоа дека можеби нема да има пенал и дека мора да почекаме на одлуката. Дозволив да се дефокусирам. Замислував различни сценарија за да останам концентриран, но очигледно тоа не беше доволно“, рече Мбапе.

Францускиот напаѓач порача дека неговиот тим не смее да се опушти во завршницата на шампионатот.

„Знаеме дека мора да бидеме на највисоко ниво ако сакаме да ги исполниме очекувањата. Секој следен натпревар е потежок. Немам посебна желба дали би играле против Шпанија или Белгија. Во моментов сум фокусиран само на рехабилитацијата“, додаде Мбапе.

ФОТО: X / @PolymarketSport