Шкендија издоминира на Гибралтар, даде пет гола! (ВИДЕО)
Гибралтарците влегоа како аутсајдери против тетовскиот состав, а така изгледаа и на теренот. Не создадоа ниту еден посериозна прилика за гол и Шкендија констатно доминираше на теренот. Во првото полувреме видовме еден гол кој беше дело на Нзенгуе.
За втор погодок се погрижи Фабрис Тамба по седум минути игра во вториот дел, истиот фудбалер стрелаше и за 3-0 во 75. минута.
Се играше 83. минута кога својот дебитантски гол го постигна засилувањето од Косово Алмир Криезиу од кого многу се очекува во сезоната која следи. Точка на натпреварот пет минути подоцна стави искусниот Бесарт Ибраими.