Хусакиќ херој, Силекс го победи Динамо Минск во Бугарија! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Силекс славеа победа во првиот натпревар натпревар од квалификациите за Конференциската лига на неутрален терен против Динамо Минск со 1-0.

Натпреварот не понуди премногу возбудувања, двете екипи ретко создаваа шанси за гол, а моментот на одлука се случи во финишот од првиот дел.

При една акција, кратовчани изнудија пенал, додека сигурен реализатор на најстрогата казна беше летното засилување Есмир Хасукиќ кој така го запиша својот првенец во дресот на освојувачот на Купот на Македонија.

Во продолжение Динамо имаше поголем посед на топката, меѓутоа речиси и да не се закани сериозно кон голот Џеков, па така сега Силекс идната недела на свој терен ќе ја брани минималната предност.