Израелец што игра во Белгија ќе биде замена за Думфрис во Интер

Интер постигна договор со белгискиот Ројал Унион за потписот на десниот бек Анан Халаили, тврдат италијанските медиуми.

Трансферната цена е 25 милиони евра плус бонуси, а израелскиот интернационалец потпиша петгодишен договор со плата од 1,8 милиони евра по сезона.

Халаили ќе биде наследник на Дензел Дамфрис, кој беше продаден на Реал Мадрид, на десната бековска позиција на „нероаѕурите“, откако Интер ја загуби од Челзи битката за Марко Палестра. Од друга страна, Интер ја доби трката за 21-годишниот играч во конкуренција со тимови како Комо, Наполи, Евертон, Астон Вила, Тотенхем и Борусија (Дортмунд).

На 99 натпревари со тимот на Ројал Унион, поранешниот фудбалер на Макаби Хаифа постигна 8 гола и имаше 11 асистенции.