Aлонсо и Арбелоа во Премиер лигата дебитираат еден против друг!
Алонсо го предводи Челси, додека Арбелоа седна на клупата на Фулам, а нивниот прв официјален натпревар во новите улоги ќе биде меѓусебниот дуел во воведното коло од англиското првенство.
Освен што се поранешни соиграчи, тие се и долгогодишни пријатели и сонародници. Чаби Алонсо е роден во ноември 1981 година, а Арбелоа во јануари 1983 година. Минатата сезона и двајцата беа дел од Реал Мадрид како тренери, Алонсо на почетокот од сезоната, Арбелоа на нејзиниот крај. Иако тренерската функција во најтрофејниот клуб во светот е огромна чест, ниту еден нема да го памети тој период по добри резултати.
Натпреварот во кој ќе домаќин ќе биде Фулам и ќе се одигра на 24 август.
Како фудбалери, Алонсо и Арбелоа со години ја делеа соблекувалната и заедно ги минаа најуспешните моменти во своите кариери. Настапуваа за Ливерпул под водство на Рафа Бенитез, а потоа се вратија во Шпанија, каде што беа важен дел од Реал Мадрид. Со шпанската репрезентација ги освоија европската и светската круна во златната ера на „црвената фурија“ од 2008 до 2012 година.
Old friends turn foes in Matchweek 1 🍿
— Premier League (@premierleague) July 8, 2026
Alvaro Arbeloa and Xabi Alonso will face off in their first fixture in charge of their new clubs. pic.twitter.com/sgyT7ej78t