Шок во Атланта: Египет брзо ја „начна“ Аргентина, па Меси - промаши пенал (ВИДЕО)

Претпоследниот осминафинален меч на СП 2026 почна со големо изненадување, откако фудбалерите на Египет по само 15 минути успеаја да ја погодат мрежата на фаворизираната Аргентина.

Стрелец на погодокот беше Јасер Ибрахим, кој скокна далеку повисоко од противничкиот дефанзивец и ја смести топката во небранетиот дел од мрежата.

„Гаучосите“ брзо дојдоа во ситуација да изедначат, откако пет минути по шокот добија пенал, но Лионел Меси не погоди, односно голманот Мустафа Шобер феноменално му го одбрани ударот.