ДЕНЕСКА НА СП: Португалија и Шпанија се борат за четвртфинале!
Средбата, која почнува од 21 часот, привлекува големо внимание поради можниот дуел меѓу легендарниот Кристијано Роналдо и талентираниот 19-годишен Ламин Јамал.
Португалија предводена од Роналдо се обидува да избори четвртфинале на турнирот и да покаже дека има поквалитетен тим од Шпанија, па се очекува вистински спектакл.
Португалија во осминафинале се пласира со победата над Хрватска од 2-1, додека Шпанија славеше против Австрија со убедливи 3-0.
По оваа средба следи дуелот меѓу САД и Белгија од 2 часот по полноќ, но натпреварот повеќе ќе биде во центар на внимание по скандалозната одлука на ФИФА да му ја укине суспензијата на Флорин Балогун кој против БиХ доби директен црвен картон.
Фото: Seleções de Portugal