„Манекенот“ Сестина ќе дебитира за Македонија, Јакимовски го прескокнува Луксембург!

Натурализираниот Американец, Нејт Сестина, в недела ќе го има своето официјално деби во дресот на македонската кошаркарска репрезентација и тоа на гостувањето кај Луксембург, каде што ќе го нема Андреј Јакимовски, кој треба да му се приклучи на својот нов клуб Наполи.

Македонската репрезентација утринава отпатува за Луксембург, каде што ќе го одигра последниот натпревар од првата претквалификациска фаза за пласман на Европското првенство. Првото место и промоцијата во следната фаза се веќе обезбедени, па оваа средба ќе има ревијален карактер.

Во однос на составот кој настапи на вчерашниот дуел против Ирска, направена е промена е на позицијата натурализиран кошаркар. На местото на Ди Џеј Стјуарт во тимот влегува Сестина, член на Олимпија Милано, кој за првпат ќе го облече националниот дрес.