Јамал: Му кажав на Кукуреља дека ќе го изедам жив на „Ел Класико“

Ламин Јамал и Марк Кукуреља во моментов со Шпанија се борат заедно за поголем успех на Светското првенство (СП), но следната сезона ќе бидат на спротивни страни на теренот затоа што помладиот фудбалер игра за Барселона, а повозрасниот за Реал Мадрид.

Јамал му се „закани“ на Кукуреља пред нивната прва меѓусебна пресметка во „Ел Класико“ за следната сезона.

„Му кажав на Кукуреља дека во првото ‘Ел Класико’ ќе биде стартер, но во второто ќе остане замена затоа што ќе го изедам жив на теренот“, се пошегува младиот Шпанец.

Фото: Selección Española de Fútbol (SeFutbol)