Ливерпул го откри споменикот во чест на Жота и неговиот брат (ФОТО)

Англискиот гигант Ливерпул на годишнината од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва го откри споменикот изработен во нивна чест.

Споменикот наречен „Засекогаш 20“ се наоѓа на местото каде што навивачите спонтано се собираа да остават цвеќе и пораки по трагедијата.

„Фудбалскиот клуб Ливерпул денес се сеќава на Диого Жота и Андре Силва. На денешен ден, 3 јули, е годишнина од трагичната сообраќајка во која загинаа“, се вели во соопштението на клубот.

Фото: Liverpool FC