Делегацијата на Египет се степа со полицијата во Далас (ВИДЕО)

Неочекувана драма ѝ се случила на делегацијата на Египет по доаѓањето во Далас, каде што треба да се соочи против Австралија во нокаут-фазата на Светското првенство (СП).

Делегацијата на Египет прво почнала вербална, а потоа и физичка пресметка со полицијата и обезбедувањето, но засега не е познато што го предизвикало инцидентот.

Египет и Австралија вечерва од 20.00 часот ќе се борат за осминафинале на СП.