Падна и Грција: „Три од три“ за младите ракометари во подготовките за ЕП

Maкедонската машка младинска ракометна репрезентација победи и во третиот контролен натпревар откако денеска совладана беше селекцијата на Грција со 29-25.

По двете победи со Саудиска Арабија, сега избраниците на селекторот Игор Илиевски одиграа квалитетно и против нашиот јужен сосед покажувајќи дека подготовките за претстојното Европско првенство одат во добра насока.

Eвропскот опрвенство во Романија се игра од 8 до 19 јули, а нашата селекција ќе игра во група со Данска, Норвешка и Хрватска.