Босанците зааработија мало богатство од настапот на Светското првенство
БиХ загуби од САД со 0-2, а бројни локални медиуми го опишаа настапот на тимот како херојски. За пласманот за турнирот во САД, Канада и Мексико, БиХ доби 12,5 милиони долари, од кои 2,5 долари беа наменети за подготовки, а со квалификацијата во нокаут фазата, репрезентацијата заработи уште 11 милиони долари. За државата која не може да се пофали со големи инвестиции во фудбалот и која има релативно слаба лига, сумата од 23,5 милиони евра е огромна.
ФИФА издвои 871 милион долари за националните селекции кои се квалификуваа за овогодинешното натпреварување.
Парите ќе бидат уплатени на сметката на Фудбалската асоцијација на Босна и Херцеговина, а потоа ќе бидат распределени на играчите и стручниот штаб како бонус, а дел од нив ќе завршат и во касата на Федерацијата.