Кристенсен потпиша нов договор со Барселона, ќе има двојно помала плата!

Шпанскиот шампион Барселона му го продолжи договорот на данскиот дефанзивец Андреас Кристенсен до јуни 2028 година.

Медиумите пишуваат дека дефанзивецот прифатил драстично намалување на платата, односно ќе заработува 50 отсто помалку пари со новиот договор (шест милиони евра).

Новиот договор содржи и клаузула за предвремен прекин, а тоа значи дека клубот и фудбалер имаат можност да ја прекинат соработката пред почетокот на втората сезона.

 Фото: Facebook/FCBarcelona