Ливерпул го промовира новото засилување од 70 милиони евра (ФОТО)

Поранешниот англиски шампион Ливерпул официјално го потврди трансферот на францускиот дефанзивец Жереми Жаке од Рен, откако истиот го договори уште во јануари кога беше потпишан петгодишен договор.

Жаке почека до крајот на сезоната пред да се пресели на „Енфилд“, а Ливерпул за неговиот потпис ќе исплати вкупно 70 милиони евра со бонуси.

Фудбалерите на Ливерпул пред почетокот на новата сезона имаат закажано турнеја на 20 јули во САД.

Фото: Х/Liverpool FC