Драма во Мексико: Мароко на пенали ја елиминира Холандија (ВИДЕО)

Одличен натпревар одиграа Холандија и Мароко во нокаут-фазата, а победникот и патник во осминафинале се решаваше на пенали, каде што славеше Мароко.

Првата шанса на натпреварот ја имаше Мароко, и тоа во 20. минута кога Ел Ајнауи испрати одличен удар, но голманот на Холандија беше на висина на задачата.

Хакими само една минута подоцна повторно се закани, но Вербруген повторно го одбрани ударот. Холандија се закани во продолжение, но Боно на спротивната страна беше сигурен на голот.

Двете екипи имаа по неколку шанси во второто полувреме, а до водство стигна Холандија во 72. минута преку Гакпо.

Мароко, сепак, не се предаде и преку Диоп во судиското надополнување успеа да израмни, по што мрежите мируваа до крајот на продолженијата и победникот се решаваше на пенали.

Холанѓаните беа ужасни од белата точка и промашија дури пенали, а тоа го искористи Мароко за да се пласира во осминафинале и да закаже меч против Канада.

Фото: Facebook/Équipe du Maroc